Средба Заев-Сијарто-Лидерот на СДСМ изрази благодарност за помошта од Унгарија

0
77

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари средба со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто кој беше на еднодневна посета на нашата земја и донираше заштитна опрема за полицајците и медицинските лица. Сијарто и Заев разговарале за мерките на Владите на Северна Македонија и Унгарија за заштита на здравјето на граѓаните и помош за економијата поради коронавирусот.

„Помошта што ја добиваме од Унгарија само го потврдува пријателството на нашите држави и народи“ е ставот на претседателот на СДСМ Зоран Заев.