Уапсен возачот кој прегази 4-годишно дете во Струмица: Познат и неговиот идентитет

0
92

Четиригодишно дете беше прегазено во Струмица завчера, а поради тешките телесни повреди со коишто се здоби мораше итно да биде префрлено во Клиничкиот центар во Скопје.

МВР информира дека вчера бил уапсен и возачот, кој беше во бегство.

-На 29.04.2020 година во 15:00 часот во Полициска станица Струмица е лишен од слобода Т.М. (34) од село Баница, осомничен дека го управувал патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, кое на 28.04.2020 година на ул.„Никола Тесла“ во Струмица удрило во четиригодишен пешак, кој се здоби со тешки телесни повреди – соопшти полицијата.