0
265

Проценката на Комунална хигиена за овој викенд, нагласи, најверојатно беше погрешна, бидејќи ми рекоа дека во полициски час граѓаните нема да фрлаат ѓубре.

Немавме проблем со комуналниот отпад и нема да имаме. Состојбата е за еден ден. Се појави еден ден криза и ќе ја надминеме. Од утре состојбата ќе се воведе во нормала и ќе станат минато сликите кои денеска беа споделувани на социјалните мрежи со преполни контејнери. Таквите слики нема да ни се повторат за велигденските празници и покрај тридневниот полициски час, порача скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

-Во тек е интензивно подигање на комуналниот отпад во делови од градот и до вечерва ќе се стабилизира состојбата. До 18 часот беа подигнати околу 780 тони отпад, наместо 300 тони кои редовно се подигаат во викенд деновите во Скопје, рече Шилегов во вечерашната емисија „Топ тема”.

Извор Слободен Печат