СЗО: Коронавирусот е 10 пати посмртоносен од грипот во 2009-та

0
153

СЗО објави и шест критериуми доколку државите одлучат да ги укинат мерките за изолација.

Шефот на СЗО Тедрос Адхан Габрејсус соопшти дека коронавирусот е десетпати посмртоносен од пандемијата на грип во 2009 година.

Тој објави и шест критериуми доколку државите одлучат да укинат мерки:

Прво, тој пренос на вирусот се контролира;

Второ, да постојат капацитети на здравствениот систем да открие, испитува, изолира и третира секој случај и да го следи секој контакт;

Трето, ризикот од избивање да се сведе на минимум во посебни услови како што се здравствени установи и домови за стари лица;

Четврто, да бидат на сила превентивните мерки на работни места, училишта и други места каде што е најважно луѓето да одат;

Петто, со увозните ризици може да се управува;

И шесто – заедниците да се целосно информирани, ангажирани и овластени да се прилагодат на „новата норма”.

Извор Слободен печат