49 нови случаи со корона вирус, вкупно 760, двајца починати

0
90

Уште две жртви на КОВИД-19 во земјава. Едниот е 73-годишник од Прилеп кој на 1 април бил хоспитализиран на Инфективниот оддел во Скопје.

Другиот починал во Куманово на Клиниката за хематологија на 76 години. Сега бројката на смртни случаи изнесува 34.

Регистрирани се и нови 49 случаи на заразени од КОВИД-19. Вкупната бројка на инфицирани се искачи на 760.

Најмногу од позитивните случаи, како и изминативе неколку дена, се регистрирани во Скопје и Куманово – со 13, односно 14 новозаболени. Следуваат Прилеп со 8, Штип и Велес со 6, а Гостивар и Кочани регистрираа по еден новозаболен.

Главниот град и натаму е на врвот на листата со најмногу заразени лица од КОВИД-19 – бројката е речиси 300. Куманово е на второто место со 182, а Прилеп го надмина Дебар на третото место по бројот на инфицирани лица, сега има 58.