Аеродромот во Виена ќе ги тестира патниците за да се избегне 14. дневен карантин

0
39

Патниците кои пристигнуваат на аеродромот во Виена мора да покажат потврда, која не смее да биде стара повеќе од четири дена, дека се негативни за „ковид-19“ или мора да бидат ставени во карантин.

Од понеделник, патниците ќе можат да бидат тестирани на аеродромот со ПЦР и да добијат резултати за два до три часа, соопшти виенскиот аеродром.

„Бизнис или итното патување ќе стане побезбедно и полесно“, се додава во соопштението.

Емирати минатата недела, во соработка со здравствените органи во Дубаи (ДХА), објавија дека тоа е прва авиокомпанија која обезбедува тестирање на патници на лице место.

Аеродромот во Виена исто така посочи дека карантинот може да се прекине доколку се потврди дека лицето во карантин нема коронавирус.

Патниците исто така можат да бидат тестирани за 190 евра пред да полетаат од Виена, доколку им треба потврда на нивната дестинација.

Според виенскиот распоред на аеродромите во Виена, во моментов има летови до Доха, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Лисабон, Минск и Софија, како и чартер и деловни летови.

Забранети се влезните летови од области сериозно погодени од коронавирусот.

Во Австрија, коронавирусот е потврден кај 15.526 лица, со 598 смртни случаи.

Властите започнаа со олеснувања по седмонеделниот карантин и трговските центри, поголемите продавници и фризерите се отворени минатата недела.

Извор Канал5