Бугарското условување не се очекува да го блокира старот на преговорите со ЕУ

0
31

Бугарија нема да ја блокира првата меѓувладина конференција на земјава со ЕУ за старт на преговорите за членство, бидејќи заклучоците на Европскиот совет за старт на преговори со Македонија не даваат таква правна и политичка можност. Ова е ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски, кој сепак смета дека изјавата која ја достави Бугарија на заклучоците на Европскиот совет, а кои се однесуваат на затворање на историските прашања со Македонија и непостоење на македонскиот јазик, не се само декларативни.

„Бугарската позиција или Декларацијата која е усвоена во нивниот парламент со само четири гласа против, значи со еден севернокорејски процент, објективно кажано. И власта и опозицијата застанаа зад таа позиција, ќе биде релана политичка пречка“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Македонија.

Дека изјавата на Бугарија не е само деклративна и дека претставува реална закана за блокирање на европските интеграции на земјава е став и на дел од експертите за европксите интеграции. Според нив битката која сега ќе ја води Бугариија е дел од нејзините барања да станат дел од преговарачката рамка т.е. условите под кои ќе преговараме со Унијата.

„Иако е возможно, Бугарија мора да ја усвои таа преговарачка рамка и ќе се обидува што е можно повеќе од овие услови да влезат во неа, не очекувам дека директно ќе ја блокира. Меѓутоа, прашање е до јуни колку од тие услови ќе се обиде, на еден или на друг начин, да ги вметне“, вели Симонида Кацарска директор на Институт за европски политики.

Според Кацарска има две поглавја од преговорите во кои Бугарија може да ги вклучи своите барања, а кои не се адресирани со новата методологија за преговори.

„Тоа е т.н. Поглавје 35 – останати прашања, иако прашањето на Бугарија за јазикот може да се најде и во Поглавјето 34, кое што се однесува на институциите и на официјалниот статус на јазик на државата кој што би го имала како земја-членка на ЕУ или пак како некоја форма на хоризонтално прашање“, вели Кацарска.

Кацарска смета дека по вака поставените прашања од Бугарија Македонија ќе мора да изгради и свои црвени линии, но и дека земјава ќе мора да работи и со другите членки на ЕУ за да им ја објасни природата на прашањата и дека во форматот во кој се поставени, тие немаат никаква целисходност да бидат канализирани низ пристапните преговори.

Во контекст на црвените линии, првата стигна од шефот на државата.

„Ако цената да влеземе во ЕУ е да кажеме дека не сме Македонци и да кажеме дека нашиот јазик се именува некако поинаку освен македонски јазик, не ни треба Европската унија“, е ставот на Пендаровски.

Извор Телма