Бундескигата се врати, Халанд продолжи да ги тресе мрежите, а еве како се слават головите и како се седи на клупата во време на корона (ФОТО)

0
192

По пауза од два месеви, Бундеслигата денеска ги одигра првите натпревари од прдолжение на сезоната и тоа пред празни трибини. Во попладневниот термин се одиграа пет натпревари, а најголем интерес привлекуваше рурското дерби помеѓу Борусија Дортмунд и Шалке кое им припадна на „милионерите“ со убедливи 4:0.
Еден од стрелците на головите беше и чудото од дете, Ерлинг Халанд кој сега по доаѓањето во Дортмунд во јануари, на 12 натпревари постигна 13 гола. Останатите три гола ги постигнаа Гереро и Азар.

Убедлив триумф оствари и Херта која со 0:3 славеше на гостувањето кај Хофенхајм.

Резултати:

Аугзбург – Волфзбург 1:2
Борусија Дортмунд – Шалке 4:0
Фортуна Дизелдорф – Падерборн 0:0
Хофенхајм – Херта 0:3.
Лајпциг – Фрајбург 1:1
Натпреварите се одиграа пред празни трибини поради пандемијата на коронавирусот, со стрикни правила во однос на социјалната дистанца на клупите за резервни играчи, но и при радувањето на постигнатите голови, може да погледнете на фотографиите: