Владата ја смени одлуката за економските мерки

0
151

Економска помош од Владата ќе добијат само фирмите кои не го намалиле бројот на вработените во текот на март и април и ќе продолжат со истиот број до јули. Ваквата корекција на одлуката од пред неколку дена, каде беше речено дека економската помош за исплата на плата за време на пандемијата ќе земаат и деловните субјекти кои го намалиле бројот на работниците, беше преземена на барање на синдикатите и граѓанските организации за заштита на правата.

Влада на Македонија

„Промените, усогласени со синдикатите и граѓанските организации за заштита на правата на работниците, предвидуваат дека работодавачот кој користи финансиска поддршка за исплаќање плата, не треба да го намали бројот на вработените во април 2020 година, како и два месеци по негово завршување, односно јули 2020 година “.