„Гугл Хром“ ќе истребува реклами што ви ја трошат батеријата

0
247

„Гугл“ се подготвува да ги изгладне рекламите гладни за ресурси што ги пресушуваат батериите на мобилните направи и консумираат мрежни ресурси.

Во август „Хром“ ќе ги „протера“ таканаречените „тешки реклами“ од пребарувачот, во надеж дека помалку корисници ќе бидат лути поради малциозните, неисправни или реклами што бараат премногу.

– Неодамна откривме дека помалку од еден процент од рекламите консумираат непропорционален дел од ресурсите на направата, како батерија и мрежни податоци, без корисникот да знае за тоа. Овие реклами (како оние што копаат криптовалути, се лошо програмирани или не се оптимизирани за мрежна употреба) може да го скратат животот на батеријата, да ги преполнат веќе засегнатите мрежи и да чинат пари – истакна Маршал Вејл, продукт-менаџер во „Хром“.

Ако „Гугл“ го открил ова неодамна, тоа значи дека компанијата која постојано исфрла реклами не посветувала внимание на тоа. До 2018 година на големо се пријавуваа крипторударски реклами, а подуеноста на страниците е грижа најмалку една деценија. Медијаната на десктоп-страница сега е 2MB, а медијаната на мобилна страница е 1,9 MB, што е зголемување од 0,5MB и 0,2 MB од 2011 година.

Рекламите се само дел од тежината на една страница, но со години е јасно дека голем дел од тој товар може да се блокира за подобро пребарувачко искуство. Една од причините поради кои корисниците на интернет ставаат екстензии за блокирање на реклами е затоа што така штедат мрежни ресурси, покажува едно истражување од 2017 година.

И ова не е прва иницијатива на „Гугл“ за реформа кога станува збор за рекламите. Сега, за да се ослободат од овие дигитални монструми, од „Гугл“ сакаат да имплементираат интервенција – симнување на тешките реклами за да не се појавуваат или користење код и замена со порака за отстранета реклама – кон крајот на август.

„Гугл“ обезбеди и техничко упатство за следење на тешките реклами и имплементир ање протокол.