Hеколкумина вработени во Министерството за внатрешни работи се позитивни на коронавирусот, потврди министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Денеска стигна информацијата дека во една од единиците при МВР има заболени со коронавирус. Нивните првични контакти се веќе анализирани и издадени се решенија за изолација. Преземени се сите мерки од епидемиолозите и тоа го координиравме во текот на утрово“,
рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
Тој не прецизираше колку точно од лицата вработени во МВР се позитивни на ковид-19.
Извор 360