Дебар – лекција за сите други општини, 45 дена без новозаразени благодарение на дициплината

0
76

Дебар, првото жариште на пандемијата со КОВИД-19, не само што ја научи лекцијата туку стана и лекција за сите други општини каде е забележено неодговорно и несовесно однесување на дел од граѓаните. Додека во Скопските општини Чаир, Сарај, Гази Баба, Бутел и Аеродром, вртоглаво расте бројот на новозаразени со корона вирусот, Дебар веќе 45-ти ден нема новозаразени, а како што потврдуваат од Општата болница во Дебар, нема ниту пациенти кои се јавуваат со сомнителни симптоми на вирусот.

Активни случаи во овој регион остануват вкупно 51 од кои две лица се од Центар Жупа, излекувани се вкупно 47, а починале четворица од почетокот на пандемијата. Дисциплинирани се и трите едиствени лица во изолација, а се почитуваат и мерките за заштита од страна на граѓаните, како што се носењето маски и држење на физичка дистанца.

“Во текот на изминатото деноќие, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Дебар извршиле и 12 контроли врз угостителски и други објекти. Во исто време издале осум прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето”, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.