Изгоре магацин за автоделови во Радишани, го гаснеа 10 противпожарни возила

0
75

Голем пожар на влезот во Радишани во близина на бензинската пумпа „Еурооил“ ги вознемири жителите на населбата и околните места. Според очевидците, пожарникарите брзо интервенирале и успеале да го локализираат пожарот за помалку од еден час.

Од Противпожарната единица на Град Скопје велат дека интервенирале со 10 противпожарни возила и 25 пожарникари. Пожарот избил во 13.10 часот во магацински простор за резервни делови.