Министерката за одбрана Шекеринска позира со маска пред обележја на УЧК

0
146

На социјалните мрежи вечерва се споделува фотографија на која се гледа вицепремиерката и министерка за одбрана Рдмила Шекеринска, со заштитна црна маска во тон со костимчето, како позира пред обележја на УЧК.

Фотографијата се шири на Фејсбук и е проследена со бројни негативни коментари од граѓани. Засега нема информација каде е фотографирана Шекеринска, со маж со маска со кој позираат пред симболи на УЧК. Фотографијата делува убедливо и не личи дека е фотомонтажа, а на неа се гледа дека министерката гордо позира.