Градоначалниците апелираат на претпазливост

0
135

Скопје продолжува да биде жариште на корона вирусот. Само денеска се регистрирани 26 нови случаи, 6 во Сарај, 4 во Чаир и 3 во Аеродром. Вкупниот број заразени лица во Скопје достигнува 797 од кои 240 случаи се уште се активни. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките а институциите да постапуваат против прекршителите.

Со апел излезе и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Во меѓувреме, други најпогодени општини се Тетово, која само денес има 9 нови случаи додека 69 од 191 случаи се активни. Шест нови случаи се во Липково.

Висар Ганиу- градоначалник на општина Чаир

„Почитувани, јас сум свесен за трпеливоста и желбата да се вратиме во нормала, сепак ризикот се уште постои и можноста за зараза е се уште значителна. Затоа, да бидеме добар пример за ова, a не обратно“.

Визард Теута Арифи- Општина Тетово

„Само безусловно почитување на мерките за здравствена заштита е предуслов за нормализирање на состојбата. Со непочитување на мерките, ризикуваме да се вратиме кон нови ограничувања и остри мерки, што повторно ќе имаат негативно економско и социјално влијание“.

Визард: Општина Липково

„Уште еднаш, ве повикуваме со најголема искреност да се придржуваме строго до препораките“.

Претставниците на општините ги повикуваат граѓаните со симптоми да не се двоумат, туку итно да се обратат до здравствените установи.

Извор АлсатМ