Пронајдена граната од Првата светска војна на магистралниот пат Битола-Прилеп

0
79

На 08.05.2020 во 22,00 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на магистралниот пат Битола-Прилеп кај мост на ул.„Караорман“ имало стара неескплодирана граната.

Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за неексплодирана артилериска граната кал.75 мм од Првата светска војна.

Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истата е безбедно подигната.