Расте бројот на заболени, епидемиолозите смируваат дека заболените се од исти семејства

0
80

Загрижувачи Ковид статистики. Со 2/3 од 40-те новозаболени, Скопје повторно влезе во ризик од ширење на корона-вирусот. Се појави нов кластер во Аеродром, а од семејните  дружби не се откажуваат ниту Чаирчани и жителите на Сарај. Од 26-те потврдени случаи во Скопје, 9-мина се од Аердором. Дури седум од нив од едно исто семсјтво. И Чаир денеска избори седум нови случаи, Сарај 4, а Центар 3. Заразени има и во Гази Баба, Петровец и Ѓорче Петров. Бројката расте, а епидемиолозите смируваат, добро е што повеќето заболени се од исти семесјтва, па полесно се лоцираат контактите и поголеми се шансите да се спречи – вирусот да зададе нов удар.

Бројката од нови 40 случаи се врати после еден месец. Приближна статистика на денешната на ниво на цела држава, имало на 25 април. Тогаш позитивни на Ковид биле 41, но од тестирани преку 700, или за околу 200те тестови повеќе од оние што биле направени во изминатото деноноќие, со 40 потврдени од  тестирани 549 лица. Но, ако се одземат 209те тестови кои се дел од скининингот во градинките и домовите за стари лица, Ковид покажува малку поинаква слика. Во скринигот позитивен  на вирусот е само еден, а од останатите 340 тестови, позитивни се дури 39. Вкупниот број заболени води до процент од 7,4, но ако се иземе скринингот во градинките и домовите за стари лица, кој не е по алгоритам, добиваме 12 проценти, што е повеќе од двојно од 5те проценти кои треба да се задржат повеќе од една недела за да може да се оди на избори. Процентот го зголемува и бројот на тестови за озравените, кои исто така, се  надвор од алгоритамот. Изминатото деноноќие излекувани се 11 пацинти, на кои според проценките, биле потрошени барем по еден тест, кој влегува во вкупната бројка, што на  дневна основа ја објавува Министретвото за здравство.  Епидемиолозите сега советуваат, но сепак оставаат политичарите да ја донсеат конечната одлука за избори.

Во пораст е и бројот на активни случаи, споредбено со оздравените со кои здарствените власти изминатиот период ги почнуваа соопштенијата за состојбата со Ковид во државата.  Во моментот 409 од вкупниот број заболени се уште водат битка со Ковид.  Државата води во регионот и по бројот на починати, по глава на жител. Изминатото деноноќие било кобно за 56-годишен пацинет од Прилеп, кој битката со вирусот на Инфективна ја водел од 12-ти мај, а од почетокот на пандемијата починаа 111 од заболените. ИЗмантото деноноќие пак, по дијагностицирањето на корона вирус кај 7 ваботени од ЕБР , во изолација се ставени 34рица од Охрид, кои биле во контакт со нив. Затворено е и одморалиштето на МВР, во кое минатата недела престојувале полициајците. Од одморалиштетот пак во излоација одат 18 вработени.