СДСМ: Мицкоски е против финансиска поддршка за граѓаните и компаниите, тој сака криза и има проблем секогаш кога парите не завршуваат во белиот дворец

0
84

Христијан Мицкоски или не ги прочитал објевните пакет мерки или дефинитивно има проблем со разбирање на економијата.

Мицкоски има проблем секогаш кога парите завршуваат назад кај граѓаните, за него тоа е несфталиво, затоа што со години е учен парите од граѓаните да завршуваат единствено во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

И денес, како и многу пати досега Мицкоски е против директна помош за граѓаните, помош за компаниите, а само до пред неколку денови истиот Мицкоски на цел глас бараше итна помош за граѓаните и економијата. Мицкоски очигледно посакува криза за да може партиски да профитира.

Во време кога сите капацитети на државата се впрегнати во обезбедување мерки и решенија за брза трансформација на економијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат посветени на гол популизам и политиканство на штета на интересите на граѓаните.

Со третиот пакет мерки, вкупната поддршка од сите три пакети изнесува 550 милиони евра а опфатени се 730.000 граѓани. Тоа е незамисливо за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат за ништо друго освен да грабаат од граѓаните.

За таквото нивно однесување, казната ќе им стигне од граѓаните многу наскоро.

Извор 24Инфо