Туристичката сезона во Грција официјално ќе почне на 15 јуни

0
140

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави дека неговата земја ќе ги отвори границите за туристи на 15 јуни и ќе почне да ги враќа меѓународните летови од 1 јули за да и помогне на економијата.

Мицотакис е уверен дека доброто справување со коронавирусот во неговата земја ќе биде „пасош за безбедност, кредибилност и здравје“. Грција досега имаше помалку од 170 жртви од коронавирусот.

„Туристичкиот период ќе започне на 15 јуни, кога ќе можат да отворат хотелите, а директните меѓународни летови до нашите туристички дестинации постепено ќе започнат од 1 јули“, рече Мицотакис.

„Ќе победиме во економската војна како што победивме и во здравствената“, вели грчкиот премиер.

Министерот за туризам Хари Теохарис најави дека до крајот на мај ќе биде објавена листа на земји со кои ќе се воспостават авионски линии и рече дека Атина ќе се фокусира на заживување на патничкиот фронт „од Балканот до Балтикот“.