Филип Петровски: ПАРТИИТЕ МУ ЈА ДЕРАТ КОЖАТА НА НАРОДОТ

0
70

Не знам дали знаете дека партиите, можеби треба партии во наводници да ставам, оти се работи за приватни собири, дооели, и семејни игранки, земаат на ниво на година од буџетот околу 5 милиони евра. Во денари тоа е околу 300.000.000 денари ГОДИШНО.
Оваа сума ги прави овие приватни збирштини НАЈУСПЕШЕН БИЗНИС ВО МАКЕДОНИЈА. Имено, корона некорона кај нив си легнуваат овие баснословни суми. Како? Па така, се собраа во Парламентот сите, од сите страни и како пролетерите на сите земји си се здружија – за себе, а против народот.