Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

0
71

Агенцијата за национална безбедност се уште има можност да прислушкува со што значи дека се крши законот, обвини министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Според него оптичкиот кабел кој од Оперативно технилката агенција треба да оди до МВР, продолжува до поранешна УБК, а со таквата состојба препораките на Прибе, конципирани во законот за ОТА не се имплементирани.

„АНБ се уште ја има задржано посредничката улога, што во суштина значи дека се уште постои техничка можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите кои се спроведуваат за потребите на кривичните истраги, спроведувани и во надлежност на МВР“„Кој стои позади фактот дека АНБ се уште го држи монополот во системот за следење на комуникации и дали тоа сценарио е креирано и спроведувано од одредени политички структури“,-Наќе Чулев- министер за внатрешни работи.

Чулев соопшти дека испратил писмен акт до директорот на ОТА во насока на надминување на ситуацијата, а во текот на денот со сите детали ќе ја информира и владата.Министерот не тврди дека било извршено незаконско прислушкување, но упати повик до надлежното јавно обвинителство да го истражи случајот.

За коментар во врска со обвинувањата се обидовме да го контактираме телефонски првиот човек на АНБ, Виктор Димовски, но тој не одговори ниту на телефонскиот повик, ниту на смс пораката.

Инаку, министерто Чулевнајави дека во наредниве неколку дена ќе почне јавно да објавува и кривични пријави против кои функционери за кои се воделе истраги во МВР.

Извор Канал5