Шилегов очекува во блиска иднина да стане збор и за отворање на градинките

0
79

радоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека очекува оти во блиска иднина ќе може да се зборува за отворање на градинките. Протоколите за адаптирање, рече тој, се при крај.

„Податоци во смисла на бројка на родители што би ги вратиле децата во градинка нема. Анкетите се во тек, во тек е и скринингот кој е една посериозна операција на вработените во детските градинки. Пропишани се протоколите, се адаптираат објектите на ниво на цела држава за да може на посоодветен начин согласно препораките и протоколите од Комисијата за заразни болести, да може дечињата да ги внесеме во системот за детска грижа без опасност за нивното здравје, здравјето на нивните родители и баби и дедовци. Тој процес по мој сознанија е при крај, очекувам дека во блиска иднина ќе можеме да зборуваме за згрижување на дечињата во детските градинки“,

изјави Шилегов.

Во однос на градинките, Владата по синоќешната седница информираше дека е усвоен протокол.

„Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца во градинките ги определува постапките и обврските на установите за згрижување деца од претшколска возраст, на воспитно-загрижувачкиот кадар и на родителите“,

соопштија кратко од Владата.

Извор 360