104 прекршувања на мерката за ограничено движење последното деноноќие – приведени 76 лица

0
107

Вториот ден од верскиот празник Рамазан Барјам поминува мирно без значајни нарушувања на полицискиот час кој почна од вчера во 11, а завршува утре во пет часот наутро.

МВР излезе со статистика дека за време на карантинот во последното деноноќие регистрирале 104 прекршувања на мерката, а приведени се 76 лица. Во последните 24 часа на 29 лица им се издадени решенија за изолација, 13 потпишале изјави за самоизолација.

Со оглед на информациите дека Општина Чаир во последните неколку здравствени билтени за новозаразени е речиси секогаш присутна, денеска ја поетивме и сликата од таму говори дека има граѓани кои сепак не го почитуваат полицискиот час. Ова е сликата од топанско поле претпладнето, додека на другите места немаше луѓе, дали поради почитување на ограничувањето за движење или поради заморот од вчерашното и синоќешното чествување на рамазанскиот празник кој трае три дена.

„Од она што можевме да го забележиме, чаириските улици беа празни, а видливо беше присуството на полицијата.“

Покрај Чаир и Гази Баба е е дна од скопските општини кои последните денови во континуитет покажуваат новозаразени лица. Причинаата за ова градоначалникот Борис Георгиевски ја лоцира во завршните денови од рамазанскиот пост, кога заедничките ифтари се пракса која не изостана и оваа година и покрај условите на пандемија.

Во делот на можно прекршување на полицискиот час, синоќа на социјалните мрежи беше споделено видео на кое наводно граѓаните од населба Чари прославуваат надвор од своите домови. Релевантноста на видеото се уште е под знак прашалник, а од МВР велат дека преземаат мерки за санкционирање на сите лица кои не ги почитуваат владините одлуки.

Тие наведоа дека до овој момент за конкретнион настан не е пристигната никаква пријава, но ако се утврди дека во конкретната снимка има елементи на прекршување на законот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.