Oпозициската партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека ситуацијата со коронавирусот во земјава целосно е излезена од контрола и дека Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести и надлежните институции засега немаат решение за неконтролираното влошување на состојбата.
„Нема да изненади ако се потврдат шпекулации дека власта ги крие бројките на новозаболени, ги дозира, а целта е таа – да не се остави впечаток дека нема услови ниту на 5 јули да се одржат избори“,
изјави денеска д-р Андон Чибишев.
Тој смета дека има влошување на сите параметри кои, како што рече, водат кон епидемиолошка катастрофа со несогледливи последици и обвини дека со ваквите бројки земјата се искачи на врвот, каде што се бројат заболените и починатите од ковид-19.
„Во последните два дена Македонија има повеќе новозаболени колку што имаат сите држави од опкружувањето заедно“,
рече Чибишев на прес-конференцијата.
https://youtu.be/sQ-gv5P2LXs?t=7
Извор 360°