Груби за кампањата за прв Албанец премиер: Тоа што ДУИ ќе го науми, тоа го реализира

0
120

Артан Груби од ДУИ во однос на нивната кампања за прв премиер Албанец на државава за Дневникот на ТВ „Сител“ изјави дека „тоа што ДУИ го ветува, тоа го исполнува“.

– Двете најголеми македонски политички партии не беа воодушевени од предлогот затоа што знаат дека тоа што ДУИ го ветува или што го проектира, го реализира, а тоа значи дека ниту еден од кандидатите на тие партии нема да биде премиер, туку ќе биде личноста која ќе ја предложиме ние. Затоа видовме нервозни реакции од двете македонски партии. Знаат дека тоа што ќе го науми ДУИ, тоа го реалзиира, тоа што ќе го вети и ќе го направи и ќе го оствари, посочи Груби.

Тој смета дека државава ги надминала сите предрасуди и се покажало дека кога со институциите менаџира кој што ДУИ би го предложил или подржал, тие институции функционираат најдобро.

– Тоа се виде и со претседавањето за првпат на Албанец на Собранието на РСМ, кога ги постигнавме најголемите успеси како држава – членка сме на НАТО, добивме датум за преговори со ЕУ, го сменивме Уставот, направивме договори со соседите и сме во најдобра позиција од сите земји во регионот. Сметаме дека е дојдено време да се надмине и последната предрасуда, а тоа е да се избере Албанец за премиер на државава. Сметаме дека ќе дадеме придонес за кохезијата во општеството и за надминување на сите можни пречки во еднаквоста на граѓаните, вели Груби.