Жител на неготинско Тремник го истепал детето на соседот пред селската продавница

0
149

Жител на неготинско Тремник вчера попладне во полиција пријавил соселанец, оти му го натепал десетгодишното дете пред селската продавница, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Настанот бил пријавен во 16.10 часот во Полициската станица Неготино. Пријавителот бил на возраст од 35 години, а пријавениот, две години помлад.

По целосно документирање на случајот околу пријавата за физички напад, ке биде поднесена соодветна пријава.