Трет ден по ред во Шведска има повеќе од 1.000 нови заразени

Во Шведска денес трет ден по ред е забележан голем раст на бројот на нови заразени од коронавирус кој денес изнесува 1.056, соопшти шведската Агенција за јавно здравје.

Шефот на Агенцијата Андрес Тегнел изјавил на вчерашната конференција за новинари дека дошло до зголемување на бројот на случаи најмногу на западот на Шведска и меѓу младата популација, пренесе британски „Гардијан“.

Со денешниот број од 1.056 нови заразени, вкупниот број на случаи изнесува 43.939.

Бројот на починато од Ковид-19 порасна на вкупно 4.639, затоа што денес се пријавени 7 смртни случаи од кои не се сите починати во изминатите 24 часа, туку и претходно со оглед на доцнењето на податоците од одредени подрачја.

Стапката на смртност е доста мала во однос на врвот на епидемијата на крајот на април.

Во текот на пандемијата во Шведска продавниците, теретаите и рестораните останаа отворени, а од јавноста единствено се бараше да ги избегнуваат сите патувања кои не се неопходни