Владиката Петар; Вирусот постои, тој е жив

0
76

Владиката Петар, кој во јавноста е познат по своите принципиелни ставови, во интервју за ТВ Алфа вели дека вирусот постои и дека претставува опасност за заедницата. Смета дека се работи за болест од која е загриѓена и самата МПЦ-ОА.

На јавноста и порача да внимава и граѓаните да ги почитуваат мерките. Вели дека доколку не се почитуваат мерките ние сме убијци, додека пак ако некој е заболен, а ние комуницираме со него, тогаш сме самоубијци.

„Вирусот не е умрен. Како што рече поранешниот реис. Не е умрен, тој е жив. Јас имам кажано дека мора да живееме со вирусот Ковид-19“, рече Митрополитот..

Според Владиката, коронавирусот е знак дека граѓаните треба да ја задржат духовната сила во себе како предизвик, наспроти телесното..

„И никако господ да го повикаме и да расчистиме многу работи, не само со Ковид-19, туку и други болести и јас велам поради непослушноста, заради законите божји и заради Адам и Ева што не ја послушале единствената забрана да не јадат од плодот се случи тоа што се случи, духовно се одделија од Бога“, смета тој.