Врвниот српски епидемиолог предупредува дека ситуацијата во земјата се влошува

0
129

Епидемиологот и член на Кризниот штаб за справување со пандемијата, Предраг Кон, тврди дека несомнено ситуацијата во земјата се влошува и дека не гледа сигнали за брзо опоравување.

Според Кон дури 57 отсто од заболените во Србија не знаат каде се заразиле што покажува дека вирусот е активен, дека циркулира и дека допрва следи опасност од, како што ги нарече, ризични собири – матурски прослави, свадби, веселби.

„Лично сметам дека ситуацијата е доволно влошена и дека тоа треба да го имаме на ум. Можеби треба да размислиме за прекин на работата на ноќните клубови и скусување на работното време на кафеаните и кафулињата“,

вели Кон.

Србија беше земјата прва во регионот која ги олабави рестриктивните мерки и дозволи целосно нормализирање на животот во пресрет на изборите на кои победи владејачката СНС на претседателот Александар Вучиќ.