Драма во Скопје: Го пресретнале додека се возел со девојката, го претепале, па му го оздемале и автомобилот

0
116

Млад скопјанец бил претепан, а потоа му било одземени и возилото кое го купил истиот ден.

„На 19.06.2020 во 01,40 часот во СВР Скопје, А.М.(22) од Скопје, пријавил дека околу 22,30 часот, на бул.„Гоце Делчев“,додека заедно со неговата девојка се движеле со возило, го пресретнала поголема група на лица, од кои две лица го запреле со возилото.

Потоа едно од лицата физички го нападнало, а друго лице му го одзело возилото „пежо 306“, по што го напуштило местото на настанот. Во возилото имало пари и мобилен телефон“ соопштуваат од МВР.

Инаку, според пријавеното, А.М. во текот на денот го купил возилото од Ф.И.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.