Заев: Македонската почва нуди огромни богатства

0
84

Македонската почва нуди огромни богатства, имаме ресурси, знаење и желба за работа и со соодветен план тие ресурси целосно ќе ги искористиме.

Силно го поддржуваме земјоделството преку третиот пакет економски мерки. Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка земјоделството во С. Македонија да стане една од најпродуктивните и најисплатливите гранки.

Здравствената криза покажа дека домашното производство во сите гранки е најважно. Затоа треба да го подготвиме земјоделството – да ги искористиме сите потенцијали за поголемо производство и продолжување на инвестициите, за рестарт на економијата, објави претседателот на СДСМ на својот фејсбук .