КОАЛИЦИЈА „ОБВНОВА ЗА МАКЕДОНИЈА“: НА 15-ТИ ЈУЛИ ДОАЃА КРАЈОТ НА СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ

0
118

На 15-ти јули доаѓа крајот на СДСМ и Зоран Заев, тоа е последната битка која не чека. Лагите на Заев и неговите функционери не успеваат никаде. Заев треба да научи дека со народот нема играње, народот дава, но и зема, ова денеска им го порача на граѓаните лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски од општината Чешиново – Облешево.

Носителот од ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета на општина Чешиново-Облешево од каде истакна дека 15 јули е денот кога СДСМ и Зоран Заев ќе ги прати во политичка пензија.

– Она што ние ви го нудиме во оваа изборна програма се реални проекти, кои во предвидените рокови можат и мора да се реализираат и од тоа не смее да има отстапки. Ќе работиме за повисоки плати за 25 проценти или за 6.500 денари повеќе за сите, ќе ги зголемиме пензиите за 20 отсто или повеќе од 3 000 денари повеќе за секој пензионер, ќе ја намалиме невработеноста под 10 проценти, но предвидуваме и многу други работи како поголеми плати за сите професори, наставници, за целиот кадар во образованието, потенцираше Јанушев.