Манчевски: За два месеца се издадени над три милиони електронски рецепти

0
78

Деведесет и пет проценти од вкупно препишаните лекови во изминатите два месеца се издадени електронски пат и без хартиен рецепт, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната прес-конференција. На тој начин, додаде тој, без физичка посета на матиниот лекар се креирани над три милиони рецепти за хронична акутна терапија.

„Новиот систем е многу едноставен за користење. Пациентите по телефон се јавуваат кај матичниот лекар, лекарот го издава соодветниот електронски рецепт, а потоа граѓаните само со документ за лична идентифкација може да го подигнат лекот во која било аптека. За хронично болните пациенти е овозможено и друго лице наместо нив да го стори тоа, доколку болниот не е во можност. Оваа услуга го автоматизира и значително го поедноставува издавањето на рецептот, се исфрлаат од употреба термините, граѓаните добиваат побрза и поефиканса услуга, а матичните лекари се растоваруваат и се автоматизира работата“, рече Манчевски.

Електронскот рецепт, потенцираше Манчевски, е трајна придобивка во услови на тековната здравствена криза и особено е од помош и на граѓаните и на лекарите, па и по завршивање на ковид-кризата, чекањето во редови на лекар и во аптека ќе бидат минато.

Манчевски најави дека со тековната масовна дигитализација следни проекти се електронско запишување деца во градинка и во училиште, автоматско префрлање финансиска помош за новороденче, како и уверение за остварени приходи од страна на Управата за јавни приходи. Следуваат и стотици други електронси услуги со кои ќе продолжиме со масовната дигитализација, најави Манчевски.

Извор НоваТв