ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА 5-ТИ ЈУЛИ, ДОКОЛКУ НЕ ПРОДОЛЖИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА?

0
135

Засега нема најава за продолжување на вонредната состојба која истекува во сабота , но се очекува и иницијатива за свикување на нова лидерска на која лидерите на партиите повторно би се обиделе да најдат консензуално решение за предвремените парламентарни избори. Во исчекување на тоа дали и кога шефот на државата би свикал нова лидерска ставовите на партиите и денеска не променети. Министерка за одбрана Шеќеринска не гледа причина за продолжување на нова вонредна состојба но и порача и на опозицијата дека ќе оди на избори бидејќи 5 ти јули не е термин за нечии желби туку законски пропишан рок кој мора да се испочитува доколку вонредната ситуација не биде продолжена .

Од ВМРО ДПМНЕ пак и денска од говорницата на партиското седиште порачуваат дека не е време да се разговара за избори . И порачаа на СДСМ дека и денешните бројки на новоинфицирани од Ковид 19 не дозволуваат лагодност за да се дискутира и оди на избори по секоја цена .

Дали Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба треба да се знае до петок. До тогаш треба да пристигне и мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата. Артан Груби од ДУИ пак и вчера во отвореното студио на ТВ 24 рече дека треба да се искористи првиот можен термин за избори а во конкретниот случај тоа е 5 ти јули доколку Комисијата не побара нова вонредна состојба а владата ја прифати .

Од Алијансата и Алтернатива исто така сметаат дека треба да се искористи првиот можен термин но пред се да се внимава на здравјето на граѓаните .

Предвремени парламентарни избори и датумот за нивно одржување ќе бидат тема на дискусија и во телефонскиот разговор кој еврокомесарот Вархеј со Мицкоски и Заев .

Каналот на комуникација на тема предвремени парламентарни избори меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ беше прекинат кон крајот на минатиот месец . Тогаш лидерот на најголемата опозициска партија Мицкоски изјави дека откако значително се влошила ситуацијата со коронавирусот не функционира повеќе оваа комуникација меѓу партиите .

Извор Тв24