ССК: Многу сектори делумно работат, поддршката да продолжи со економски мерки за дополнителни два месеца

0
71

Претседателката на ССК Данела Арсовска за Канал 5 вели дека  поддршката за април и мај не е доволна, бидејќи многу сектори и воопшто не работат. Доставиле иницијатива до Владата со која бараат продолжување на постоечките или пак креирање на нови мерки.

„Она кое што го добиваме како информација е дека голем број од дејностите се уште не се почнати со работа, голем дел од секторите се уште не функционираат, а оние кои функционираат се со намалени капацитети и во секој случај би требало да се направи се што е неопходно да им се излезе во пресрет……., со цел овој процес да не запре, затоа што знаеме ако има застој понатаму планирањето на економијата ќе биде се потешко и потешко, “вели Данела Арсовска, претседател на ССК.

Финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени лица од кои:

– 42 компании кои  имаат над 250 вработени (за 26.680 вработени);

– 300 компании се со број на вработени од 51 до 250 (за 27.635 вработени);

– 19.008 се компании со број на вработени од 1 до 50 (за 73.111 вработени).

Субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување ја искористиле 1.680 компании, опфатени се 12.011 вработени лица и тоа:

– 3 компании се со над 250 вработени (846 вработени);

– 24 компании се со вработени од 50 до 250  (2.082 вработени);

– 1.653 компании се со вработени од 1 до 51 (за 9.083 вработени).

Комбинација од двете мерки искористиле 1.427 компании со 10.668 вработени, од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам и тоа:

– 3 компании со над 250 вработени (за 478 вработени);

– 24 компании се со вработени од 51 до 250 (1.984 вработени);

– 1.400 компании со број на вработени од 1 до 50 (8.206 вработени).

Податоците покажуваат дека за месец април вкупно над 22 илјади фирми искористиле државна помош. И тоа –  поддршка за исплата на плати искористиле близу 20 илјади фирми, за над 120 илјади вработени, од кои најголем број фирми со 50 вработени. Субвенции за покривање на 50% од придонесите искористиле 1 700 фирми за над 12 илјади вработени. Најбројни се малите компании. Комбинација пак од двете мерки искористиле околу 1 500 фирми, најголем дел од секторот угостителство.

Министерката за финансии на една од последните прес-конференции остави простор за помош на стопанството и следниот период..

„ Ќе бидеме флексибилни, имаме буџетирано средства и можност, за веднаш дали ќе биде тоа да продолжуваме мерки коишто се активни дали ќе биде тоа да носиме нови коишто ќе бидат насочени кон потреби во тој момент, тоа ќе го правиме.“ Нина Ангеловска, министер за финансии

Од Владата денеска потсетија дека фирмите имаат рок до крајот на неделава да аплциираат за субвенции на платите за мај.

Извор Канал5