Тетово, граѓаните ги преплавија пазарите и маркетите

0
130

Алармантниот број на заразени лица во последните два дена во Тетово, се чини дека не влијае кај граѓаните кои неколку часа пред почетокот на полицискиот час ги поплавија пазарите и маркетите.

Граѓаните велат дека мора да купат и се жалат дека голем број луѓе се без маски и не го почитуваат растојанието.

„Ги купивме најпотребните работи. Ако сме заборавиле нешто и тоа ќе земеме и толку.“

„Дали се плашите кога гледате дека повеќето одат без ракавици и без маски?

„Тоа е катастрофа, не личи на народ како нашиот. Треба да бидеме свесни дека ова е нешто што не можеме да го излечиме. Ние не ги почитуваме правилата за сами да се спасиме од болеста “

„Излеговме да купиме нешто затоа што ќе бидеме во карантин три дена и тоа е тоа. Што да правиме, свеста на луѓето е на тоа ниво, немаме што да правиме“.

Освен што големиот број купувачи се без маски, и дел од продавачите не ги почитуваа препораките.

„Еве тука ми е, ми беше жешко, а имам и дијабетес“.

„Ги имам во автомобилот, мислам дека треба да носиме ракавици“.

Ваквите собири може да доведат до зголемување на бројот на заразени лица, велат од Институтот за јавно здравје.

„Собирањето на луѓе во групи, било пред маркети, пред трговски центри, пошти или банки, секако дека има негативен ефект, затоа што ако има поглема група, нема социјална дистанца, а особено кога не се носат маски, има блиски контакти и тоа доведува до зголемување на бројот “, изјави Наим Скендери од ИЈЗ.

Во Тетово и околината во моментов има 90 активни случаи на корона вирус.

Извор АлсатМ