Филипче одговори дали и кога ќе пие кафе со својата најголема обожавателка Лиде Лиде (видео)

0
87

Министерот за здравство Венко Филипче во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека веднаш после завршувањето на пандемијата, ќе пие кафе со неговата најпозната овожувателка Лиде.

Таа стана позната во јавноста преку коментарите на прес конференциите на министерот преку кои постојано го канеше на кафе и разговор.

Водителот кон крајот на емисијата го праша министерот: „Ваша гледачка на пресконференции со име Лиде Лиде постојано ве кани на кафе. Дали ќе пиете кафе со неа?“.

„Еве, веднаш штом ќе помине кризата. Да, ќе пијам“ – изјави Филипче низ насмевка во вчерашното интервју на „ТВ 21“.