Црна Гора: Парламентарните избори закажани за 30 август

0
124

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ги распиша парламентарните и локалните избори за советници во неколку општини за 30 август, пренесува Танјуг.

Покрај парламентарните избори, ќе се одржат избори за собранијата на општините Андријевица, Будва, Гусиње и Котор, според канцеларијата на црногорскиот претседател.

Според неговата канцеларија, Ѓукановиќ одлуката ја донел по консултациите со претставници на парламентарните партии и коалициите на 16 јуни, кои одговорија на неговата покана за одредување датум за парламентарни избори.

Опозицијата не одговори на консултациите, пренесува Бета.

Претходните парламентарни избори во Црна Гора се одржаа во октомври 2016 година.