Ќе се отвораат хотелите, ќе работаат со посебни протоколи

0
71

Владата денеска донесе уредба со сила на закон која на сместувачките капацитети им дозволува да почнат со работа. Оние кои ќе отворат ќе мора да работат по правила и протоколи кои ги донесе Комисијата за заразни болести. Алсат дојде до протоколите со кои освен редовна и честа дезинфекција на сите делови од објектот, потребно е задолжително растојание помеѓу персоналот и гостите на рецепција, ограничен треба да биде бројот на гости во заедничката просторија каде се служат оброците, намален број на групни собири и слични активности кои би биле ризични во време на епидемија.