845 казни за неносење маски

0
89

Во изминатите 24 часа полицијата напишала 845 казни за неносење маска на јавен простор.

На 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека три лица не ја почитувале мерката за изолација.