Повторно расте бројот на смртни случаи од КОВИД 19 во Кина

0
81

Во Кина потврдени се 57 случаи на Ковид-19, од кои 36 во Пекинг, соопшти денеска кинеската Национална здравствена комисија.

Тоа е најголем број на новозаболени од средината на април.

Во Пекинг вчера беше затворен пазар за храна и беа ставени во карантин 11 квартови околу пазарот, откако над 50 луѓе беа попзитивни на новиот коронавирус. Новозаболените го посетиле пазарот , што се наоѓа во југоисточниот дел на Пекинг.

Во Кина досега со Ковид-19 се инфицирале 83.132 луѓе, од кои 4.634 починале.

Пазарот Ксинфади, во округот Фенгтаи во јужен Пекинг, е затворен затоа што се поврзува со повеќето нови случаи на инфекција.

Седум случаи на инфекција се потврдени во близина на пазарот, на кој се продава месо, риба и зеленчук, соопштија кинеските власти.