Акцизата за бензинот намалена за еден денар

0
197

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека акцизата за бензините од три се намалува на два денари. Оваа намалување е пресметано и во најновите цени кои што регулаторот ги објави денска а ќе важат од полноќ.

Бензините 95 и 98-та се намалуваат за 1,5 денари за литар, и ќе се продаваат за 60 односно за 62 денари за литар. Додека цената на дизелот се намалува за половина денар на секое наточено литро на бензинските пумпи и ќе изнесува 53 денари.

„Уредбата со која што се зголемија акцизите за бензините и за дизелот и се воведе дополнителна акциза функционира и во пракса. Имено, од денес акцизата за бензините која што беше зголемена за два денари се намалува за еден денар поради тоа што цените на светските берзи на бензините во периодот од први до петнаесетти јули изнесуваат 390 долари за тон, и согласно уредбата ја намаливме акцизата на бензините за еден денар“, рече Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.