Вознемирувачко видео од сообраќајќата на патот Свети-Николе-Куманово

0
515

На јутјуб се појави снимка од сообраќајната несреќа која се случи вчера на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај село Скачковце.

Предупредуваме дека следните инсерти се со вознемирувачка содржина.

На видеото се гледа како автомобилот „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки директно се судира со автомобил БМВ, исто така со кумановски таблички, откако претходно, од засега непознати причини вози од една во друга лента.

Според полицискиот билтен спаркот го управувал 21 годишен жител на селото Скачковце, кумановско, а БМВ-то било управувано од 30 годишен кумановец.

По несреќата, двајцата возачи, како и уште двајца кумановци сопатници од БМВ-то биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, соопштија од МВР.