Вучиќ и Хоти се договорија да ги продолжат разговорите

0
150

Лидерите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Авдулах Хоти ги одржаа своите први разговори лице в лице за изминативе 20 месеци, а во рамките на дијалогот со посредство на Европската унија, насочен кон нормализирање на односите меѓу двете балкански соседи. Вучиќ и Хоти се согласија повторно да се сретнат на почетокот на септември. Разговорите на техничко ниво ќе продолжат следната недела.

Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, кој посредува во разговорите, рече дека двете страни се фокусирале врз прашањата за исчезнатите и раселените лица, како и за економската соработка. Тој ги повика Белград и Приштина да соработуваат со Меѓународниот комитет на Црвениот крст за решавање на прашањето за исчезнатите лица за поттикнување на помирување.