Вучиќ: Од петок повторно полициски час

0
159

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечи дека ситуацијата во Србија, особено во Белград е критична, а за викенд повторно ќе биде воведен полициски час.

„Денеска од почетокот на епидемијата е најтежок ден, имаме 13 починати. Во овој момент имаме повеќе од 120 луѓе на респиратор. Во Белград ситуацијата е алармантна“, вели Вучиќ.

Од утре забрането е собирање на повеќе од пет луше, како на отворено, така и во затворени простории, а од петок полииски час, заклучно со понеделник.

Поеќе информации ќе бидат споделени по состанокот на Кризниот штаб, додаде Вучиќ.

„Имаме 4.000 во болница“, рече Вучиќ, а повика бесот гражаните да го насочат кон него, а не кон лекарите.

Според него, во Белград е алармантно, но луѓето навреме се јавуваат во болница, па затоа има помалку починати.

Апелираше до гражаните да не бидат себични, затоа што е неопходно да се сочува здравствениот систем.

„Непопуларни политички одлуки ќе донесуваме ние, болниците нѝ се преполни“, вели тој и додава дека Војводина и понатаму е со најповолна ситуација.