ДИМИТРОВ: ДОБИВМЕ ПОТВРДА ЗА СРАБОТЕНОТО

0
79

Партиите ги поделија своите ставови околу преговарачката рамка која ја доби земјава со ЕУ. Владејачката СДСМ ја поздрави, но и со порака до ВМРО-ДПМНЕ да ги стори истото кога се во прашање евроинтегративните процеси на земјава.

Од најголемата опозициска партија пак велат се работи само за предлог рамка која треба да биде прифатена од сите земји членки на ЕУ вклучително и Бугарија но велат повторно нема конкретен рок кога сето тоа би финиширало. Министерот Димитров пак вели не очекува големи модификации во преговарачката рамка доколку земјата ги почитува договорите со Грција и Бугарија.

Преговарачката рамка ја поздравија и партиите од Албанскиот блок. Од ДУИ велат:

„ДУИ ја поздравува преговарачката рамка, и она што е важно е по изборите да има државен консензус за водењетто на преговорите на земјата со унијата . Сега е важно да се гледа и чекори само напред со успех.“

Од Алијансата и Алтернатива пак велат:

„Тоа е добро за земјава, останува сите активно да бидеме вклучени во овој процес бидејќи се работи за надпартиски интерес, а крајно време е да имаме и стабилна влада за конкретен прогрес на овој Евроинтегративен пат.“

И натаму пак остануваат спротиставени ставовите на партиите од македонскиот блок во врска со јазикот, за кој владејачката СДСМ се пофали дека веќе станува официјален и во ЕУ додека пак од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на ова додават дека јазикот ќе стане официјален кога и земјата ќе стане официјално полноправна членка на унијата.