Еден убиен при престрелка во Батинци, осомничениот убиец е во бегство

0
95

Расправија во угостителски објект синоќа во Батинци, продолжила со пукање и пресметка со ножеви. Нешто пред 22 часот, во градската болница „Свети Наум Охридски“ било донесено 29 годишно лице, жител на селото, со сериозни убоди од нож, кој за кратко време починал.

Во меѓувреме, уште тројца повредени завршиле на болничко лекување. 28 годишниот Н.С. е бил однесен исто така во градската болница, а другите двајца на возраст од 25 и 39 години со брза помош се пренесени во Клиничкиот центар. Едниот од нив имал повреди од нож, а другиот од огнено оружје.

Инцидентот, како што соопшти МВР се случил во објект, кој е сопственик на лице од село Црн Врв. На местото на настанот била пронајдена една чаура и два неиспукани проектили.

Според полицијата, постои основано сомнение дека можен сторител е Н.З. лице од истоименото село, кој се дал во бегство и по кого се трага.