Индиска компанија почнува со тестирање на вакцината против корона на луѓе

0
118

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ денеска потврди дека нејзините експерти започнале клинички да ја тестираат можната вакцина против „ковид 19“ врз луѓе.

Првите дози на вакцината , базирана на ДНК од плазма наречена ZyCoV-D се тестирни врз луѓе, се вели во соопштението на компанијата.

Оваа вакцина предизвикала силен имунолошки одговор при тестирањето на животни како глувци, стаорци, заморчиња и зајаци. До денес, не се регистрирани неповолни здравствени ефекти.

„Кај зајаците, администрираните дози биле трипати поголеми од оние наменети за луѓето и тие се покажаа безбедни и имуногени“, велат од компанијата.

Компанијата наведува дека платформата за вакцинирање што ја развиле, може да се користи за можно прилагодување на вакцините, во рок од неколку недели, во случај на мутација на коронавирусот за да се обезбеди целосна ефикасност.

Заедно со неколку други држави, Индија бара вакцина против ковид-19 бидејќи се зголемува бројот на заболени и смртни случаи.

По Соединетите држави и Бразил, Индија се најде на трето место меѓу земјите најтешко погодени од пандемијата со повеќе од 930.000 случаи на инфекција и повеќе од 34.000 смртни случаи поврзани со коронавирус, според индиското Министерство за здравство.

Вчера биле пријавени 30.000 нови случаи, додека 582 лица починале.