Ново судско рочиште за предметот кој се однесува на невладината организација „Меѓународен сојуз – Скопје“, на Бојан Јовановски – Боки 13.
Доколку не дојде до ново одложување, на денешното рочиште се очекува обвинетите да се произнесат за вина, како и странките да ги дадат своите воведни зборови.
Првото рочиште на 1 јули беше одложено поради барање за изземање на обвинителката Вилма Русковска од овој предмет. Барањето го поднесе Фросина Ременски која е третообвинета , а потоа кон него се приклучи и Јовановски кој е првообвинет.
Рускoвска , тогаш изјави дека смета оти ваквото барање е неосновано. За барањето треба да се произнесе обвинителот Љубомир Јовески.
Во јавноста деновиве излегоа неофицијални информации дека барањето е одбиено, но официјално одлуката треба да биде соопштена на стартот на денешното рочиште.
Во случајот обвинети се и заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ и асистентката на Боки, Христина Блажевска – двете се товарат за помагање во делата измама и перење пари.
Петообвинет е таткото на Боки, Миле Јовановски.