СДСМ: Влада по Илинден, и граѓаните треба да здивнат

0
143

СДСМ соопшти дека оценил оти после изборната кампања, избори и корона криза, граѓаните треба да здивнат и затоа политичките активности ги остава за по Илинден, со ветување дека ќе бидат запазени сите рокови за формирање на владина коалиција и функционални и легитимни институции.

„Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија. Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции“, соопшти денеска СДСМ.

Од партијата информираат дека партискиот лидер, Зоран Заев, од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата.